Утрински Весник
Економија

Најголем дел од потрошувачите ќе добијат пониски порамнителни фактури за греење, соопшти ЕСМ снабдување со топлина

ЕСМ Продажба потпиша договор  со фирма од Бугарија за набавка на гас за топланите и за другите потрошувачи

Грејната сезона 2022/2023 започна на 15 октомври, но поради надворешните временски услови траеше подолго од вообичаеното, односно беше продолжена до 28 април, соопшти ЕСМ снабдување со топлина.

dobivaj vesti na viber

Појаснуваат дека иако изминатата грејна сезона траеше девет дена подолго од вообичаеното, сепак просечните надворешни температури во некои месеци беа значително повисоки од прогнозираните кои се користат во пресметката на авансните фактури.

„Токму затоа најголем дел од потрошувачите кои ги плаќаат фактурите на 8 и 12 месечни рати (97%), оваа грејна сезона ќе добијат пониски порамнителни фактури споредено со авансните. Сепак, висината на порамнителните фактури е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и од количината на испорачана топлинска енергија до објектот“, е нагласено во информацијата од оваа компанија.

Потрошувачите, како што додаваат во текот на грејната сезона, во фактурите за топлинска енергија добиваат податок колку енергија потрошиле, како и за износот на разликата меѓу потрошената и прогнозираната топлинска енергија.

„Ако при порамнувањето се утврди дека е потрошена повеќе топлинска енергија отколку што авансно е пресметана, тогаш разликата се распределува на три еднакви рати и соодветно се фактурира во сметките за месеците мај, јуни и јули. Ако пак потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерењето на потрошената топлинска енергија, тогаш може да побара поврат на разликата доколку нема заостанати долгови“, се нагласува во соопштението од ЕСМ.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“