Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени

(Видео) Нема договор: Ковачевски смета дека ДУИ треба да остане во Влада, Мицкоски бара да излезе за тие да влезат

Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени, дијалогот треба да продолжи за на крајот сите да изградиме заеднички став дека за земјава е најдобро да биде интегрирана во ЕУ, велат од СДСМ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„СДСМ повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место.

Затоа и предложивме обединување околу европскиот концепт, ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи во обединета Влада за европска интеграција на паритетна основа.

Одлуката за ЕУ треба да е заедничка, затоа и повикуваме на обединување околу стратешкиот правец на земјата, за обезбедување европска иднина и исполнување на уште една стратешка цел, членство во ЕУ.

Македонскиот јазик и идентитет се заштитени.

Изборот пред секој политички субјект е интеграција во ЕУ или изолација“, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра, заедно со сите докази

Четири лица во скопско натепале дедо и негов малолетен внук 

Мицкоски: Никој нема право да ги одземе покачените пензии на пензионерите