Утрински Весник
Магазин

Првпат во својата кариера Џенифер Анистон прави куса пауза

Првпат во својата кариера Џенифер Анистон прави куса пауза

Џенифер Анистон никогаш досега не била на одмор.

dobivaj vesti na viber

54-годишната актерка е редовно лице во Холивуд откако стекна светска слава како Рејчел Грин во ситкомот „Пријатели“ од 90-тите.

Таа објасни дека има намера да се тргне од светлото на рефлекторите следните неколку месеци бидејќи станала прилично изолирана откако морала да седи дома во текот на пандемијата.

„Во нашата работа, мора да барате слободно време или да го издвоите, бидејќи секогаш има нешто што ќе се појави. Затоа решив да бидам на одмор цел јуни и јули,“ изјави Џенифер за „Пипл“.

„Никогаш не сум го направила тоа, но навистина мислам дека ќе го сторам тоа. Ќе патувам затоа што не сум патувала откако започна пандемијата. Станав многу изолирана. Но, време е да го надминам сето тоа. Многу е лесно да се падне во агорафобија по оваа пандемија. И одбивам да дозволам да се случи такво нешто.“

Во меѓувреме, ѕвездата на „Марли и јас“ продолжи да дава совети за добро здравје, истакнувајќи дека научила да јаде правилно и да спие правилно за да остане во форма.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста