Британската поп-ѕвезда Дуа Липа и музичката куќа „Ворнер рекордс“ го убедија федералниот суд во Лос Анџелес во понеделникот да ја отфрли тужбата на реге-бендот „Артикал саунд систем“ за наводен пплагијат.
Од бендот тврдеа дека хитот на Липа, Levitating, е плагијат на нивната песна на Live Your Life.
Американскиот окружен судија Саншајн Сајкс рече дека „Артикал саунд систем“ не успеал да докаже дека авторите на Levitating некогаш имале пристап до песната на бендот од 2017 година.
Levitating помина 77 недели на „Билборд хот 100“, искачувајчи се на место бр. 2 во 2021 година.
Во жалбата, поднесена во 2022 година, реге-бендот наведе: Многу малку е веројатно дека Levitating е направена независно со оглед на степенот на сличност меѓу мелодиите на двете песни, хармониите и другите елементи.“
Некои стручни лица признаваат дека има сличности во двете песни, особено рефрените, но сепак тоа е недоволно за да се утврди плагијат.