Утрински Весник
Спорт

Македонски тренер нападнал малолетен ракометар!

Македонски тренер нападнал малолетен ракометар!

Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека еден загрижен родител пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат на турнир во Унгарија, потврдувајќи ја веста во својот дневен билтен.

dobivaj vesti na viber

„На 05.06.2023 во 18.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, П.Р. (42) од Скопје пријавил дека на 06.02.2023 околу 15.00 часот во Унгарија, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неговиот тренер по ракомет, В.К.“, стои во билтенот на МВР.

Единствен тим од Македонија кој присуствувал на ракометен турнир во Унгарија е У16 (пионерската) екипа на РК Алкалоид на турнир во Сегед, на кој учествувале екипите на Пик Сегед и ППД Загреб.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ