Утрински Весник
Спорт

Хачанов само го „налути“ Ѓоковиќ, сега е можен мега-дуел со Алкараз

Хачанов само го „налути“ Ѓоковиќ, сега е можен мега-дуел со Алкараз

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Франција опен, каде што го очекува потенцијална пресметка со првиот носител и светски рекет број 1, Карлос Алкараз, откако повторно доби лута битка на терените на Ролан Гарос, победувајќи го рускиот 11. носител, Карен Хачанов со 4:6/7:6(0)/6:2/6:4.

dobivaj vesti na viber

Патот до неверојатно 45. гренд слем финале на Србинот не беше лесен. Хачанов почна фуриозно, остварувајќи бреј во маратнскиот петти гем за да го освои првиот сет по речиси час игра. Вториот сет беше уште поизрамнет, откако двајцата играчи не успеаја да направат брејк, за во тај-брејкот, Ѓоковиќ да го покаже најдобриот тенис и да го освои со 7:0.

Упорноста на Русинот тука застана, откако Ѓоковиќ во четвртиот сет беше речиси совршен, веднаш правејќи брејк, за потоа со уште еден да дојде до 2:1 предност. Во последниот сет, му беше доволен еден брејк за победа во неговиот најдобар меч на земјените терени во Париз.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ