Утрински Весник
Македонија

Крадел гориво од приватна цистерна и од автобус на ЈСП, уапсен скопјанец

Кривична пријава против полицаец кој истепал приведено лице
Dik 300x250 mk

Вчера полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(36) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тој се сомничи дека во август и септември 2022 година извршил три тешки кражби, при што од две товарни возила на приватна фирма и од автобус на ЈСП украл гориво.

Во службен разговор во Полициската станица Кисела Вода тој признал дека на 16.08. и на 17.08.2022 во два наврати од цистерна на приватна фирма одзел вкупно 300 литри гориво и дека на 22.09.2022 од автобус на ЈСП одзел 150 литри гориво.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Се бара притвор за разбојник од Маџари

Заменик министерот на МВР: Нула толеранција за говор на омраза кон Албанците

Потврден притворот за Рустеми и Саити – обвинети за загрозување на животната средина со отпад