Утрински Весник
Спорт

Стефан Мицов на чекор од главниот турнир, Калин Ивановски четврти носител на фјучерсот во Скопје

Стефан Мицов на чекор од главниот турнир, Калин Ивановски четврти носител на фјучерсот во Скопје

Македонскиот тенисер Стефан Мицов успешно ја мина и втората пречка од квалификациите од фјучерсот во Скопје. Тој за 56 минути игра го совлада 19-годишниот Лазар Даниќ од Србија со 2:0 во сетови (6:1, 6:1), а притоа противникот освои по еден гем во секој од сетовите.

dobivaj vesti na viber

Противник на Мицов, кој е втор носител во квалификациите ќе му биде Романецот Нини Габриел Дица (22 години, 1952 место на АТП). Романецот по два часа и десет минути игра го победи Вања Петров од Србија со 2:1 во сетови (4:6, 7:5, 10:8 на поени).

Другите двајца македонски тенисери кои настапија во второто коло од квалификациите ги загубија мечевите од фаворитите. Марио Тодоровски загуби од четвртиот носител Стефанос Скиниас од Грција со 2:0 во сетови (6:0, 6:2), додека Андреј Тасевски загуби од Британецот Лука Петровиќ (15.носител) исто така со 2:0 во сетови (6:0, 6:2).

На главниот турнир Македонија веќе има девет учесници.

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со својот ранкинг ќе биде четврти носител. Тој за противник во првото коло го доби Тибо Колсон Белгија. Од другите македонски тенисери Шендрит Деари ќе игра против Мирза Башиќ од БиХ, а интересен ќе биде и дуелот меѓу македонските тенисери Томислав Јотовски и Горазд Србљак.

Можете да прочитате

Златната топка на Марадона од 1986 ќе се продава на аукција во Франција

Златната топка на Марадона оди на аукција, се очекуваат милиони

Одбиена жалбата на Нотингем Форест