Навивачите кои расистички го навредуваа Винисиус Жуниор, ѕвездата на Реал Мадрид, добија жестоки парични казни до 60.000 евра, но и забрана од една до две години за да влезат на стадион.
Винисиус трпеше жестоки навреди од навивачите на Валенсија, по што клубот ќе мора да плати казна од 50.000 евра, а и да ја затвори трибината на пет натпревари.
Казнети се навивачите на Атлетико Мадрид, кои на надвозник „обесија“ кукла со ликот на Винисиус Жуниор. Тие добија парична казна од 60.000 евра и двегодишна забрана за влез на стадион.
Ла Лига тргна во голема офанзива за спречување на расизмот на стадионите во Шпанија.