Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ученици од Центар го чистеа Калето со амбасадорката Агелер и градоначалникот Герасимовски

(Видео) Ученици од Центар го чистеа Калето со амбасадорката Агелер и градоначалникот Герасимовски

Ученици од седмо одделение од основните училишта во Центар го собраа отпадот околу тврдината Кале во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на заштита на животната средина – 5 јуни кој јубилејно се одбележува по 50-ти пат.

dobivaj vesti na viber

Во екоакцијата под мотото „Победи го загадувањето со пластика“ се вклучија и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Целта на оваа активност, во која на волонтерска основа учествуваа и вработени во Амбасадата на САД, УСАИД и Општината, беше да се собере целокупниот сув отпад од улиците околу скопската тврдина, кој понатаму ЈП „Комунална хигиена“ ќе го рециклира.

„Ви го честитам 5 јуни, Светскиот ден за заштита на животната средина, со единствена желба интензивно да работиме на зголемувањето на колективната свест за зачувување на животната средина“, рече градоначалникот Герасимовски.

Амбасадорката Агелер ја поздрави акцијата, им заблагодари на сите учесници и апелираше за поголема ангажираност во решавање на проблемот со загадувањето.

Градоначалникот Герасимовски во рамки на денешната акција им додели пофалници на учениците од општинските основни училишта „11 Октомври“, „Димитар Миладинов“ и „Гоце Делчев“ победници во конкурсот на тема „Учиме да рециклираме – заедно креираме“. Добија награди за најдобро уредено училиште, катче или двор со рециклирани материјали.

„Нашето училиште беше второнаградено на конкурсот. Со еколошки и рециклирани материјали уредивме посебно катче во дворот, а проектот го нарековме ‘Еко училница’.  Благодарност до Општина Центар што го препозна нашиот потенцијал, креативност, уникатна идеја  и инспирација за создавање на нашата ‘Еко училница’. Благодарност и до сите родители, наставници и ученици кои дадоа придонес. Чест ми беше што заедно поставивме пример за успешна соработка која и во иднина ќе продолжи со уште поголеми успеси“, вели Соња Д. Богдановска, наставник – ментор на проектот „Еко училница“ во основното училиште „Димитар Миладинов“.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!