Утрински Весник
Македонија

(Фото) Километарска колона, заглавени возила, нервоза – за влез од Грција се чека и по повеќе од саат

(Фото) Километарска колона, заглавени возила, нервоза – за влез од Грција се чека и по повеќе од саат

Стотици автомобили чекаат на граничниот премин „Богородица“ за влез од Грција во Македонија. Километарска колона има пред преминот, а по продолжениот викенд.

dobivaj vesti na viber

Најголем број од автомобилите се со македонски таблици, а има и странци. Возачите се нервозни и нестрпливи, па бараат начин како побрзо да ја минат границата. Меѓу возилата има и автобуси полни со патници.

Според АМСМ, времето на задржување на граница е до 45 минути. Возачите пак велат, се чека и повеќе од еден час. Колоната се движи бавно. Голем дел од сопатниците се излезени од автомобилите.

Во петокот големи гужви имаше и за излез од Македонија. И тогаш се чекаше на границата.

Можете да прочитате

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

СДСМ: Што е со 5 тони дрога, што е со 100 тони што се запленети пред камери