Утрински Весник
Спорт

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Лучијано Спалети и дефинитивно нема да го води Наполи во следната сезона. Тоа го потврди на прес-конференцијата во пресрер на утрешниот последен меч за „наполитанците“ оваа сезона против Сампдорија.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да се заблагодарам за овие две незаборавни години. Беше фантастично, а јас сега чувствувам дека немам што повеќе да му дадам на овој клуб кој го заслужува најдоброто. Ова мое заминување е чин на љубов и сакам да биде сфатено. Сакам да имам многу пријатели тука кога ќе се вратам после една деценија“, изјави Лучијано Спалети.

Наполи утре ќе го добие и шампионскиот пехар за освоеното „скудето“, прво по пауза од цели 33 години.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД