Утрински Весник
Свет

Синот на легендарен спортист си го убил својот осумгодишен син, па се самоубил – јавноста во САД во шок

Синот на легендарен спортист си го убил својот осумгодишен син, па се самоубил – јавноста во САД во шок
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Незапаметена семејна трагедија ја потресе Америка откако Џорџ Скот Третиот (54), син на познатиот бејзбол играч на Бостон Ред Сокс, Џорџ Скот, го убил својот осумгодишен син, па се самоубил, јавуваат американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Убиството и самоубиството ги открила полицијата која во саботата вечерта ја проверила куќата на наследникот на познатиот спортист во Њу Бедфорд во американската држава Масачусетс.

– Господинот Скот, за кој се верува дека го убил момчето пред да си го одземе животот, живеел во куќата со момчето – изјави Грег Милиоте, портпарол на обвинителот.

Мајката на момчето, Лиза Азар, исчезна во март 2019 година, а полицијата долго време се сомневаше дека Скот е вмешан во нејзиното исчезнување. Пред неколку недели детективите кои го истражуваат овој случај ја пребарале куќата на Џорџ Скот Трети, објави „Бостон глоуб“.

Можете да прочитате

Нови правила за патување во ЕУ

Иран: Мешањето на САД во протестите ќе предизвика хаос

Грција подготвена да прими повредени од пожарот во Кран-Монтана