Утрински Весник
Спорт

Ал-Хилал за три дена ќе го објави трансферот на Лионел Меси?

Ал-Хилал за три дена ќе го објави трансферот на Лионел Меси?
Dik 300x250 mk

Лионел Меси вечерва ќе го одигра последниот натпревар за ПСЖ и ќе се збогува со Париз, а потоа сите ќе бидат во исчекување на неговата одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Има три опции, првата е да се врати на својата прва љубов Барселона, втората и финансиски неверојатна е да се пресели во Саудиска Арабија, а третата да потпише за Интер Мајами во МЛС лигата на САД.

dobivaj vesti na viber

Каталонскиот весник „Спорт“, објави дека Лионел Меси веќе одлучил, ќе ги земе огромните пари од Ал-Хилал, кој веќе го испланирал и датумот кога ќе биде соопштен неговиот трансфер. Тоа треба да се случи за три дена, на 6.јуни.

Саудиска Арабија е во комплетна офанзива за купување на светските фудбалски ѕвезди, а понуди имаат и Карим Бензема, Серхио Рамос, Серхио Бускетс, Лука Модриќ…

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс