Утрински Весник
Спорт

Реал Мадрид ќе вложи 300 милиони евра во засилувања ова лето: Кејн, Хаверц, Белингем…

Реал Мадрид ќе вложи 300 милиони евра во засилувања ова лето: Кејн, Хаверц, Белингем…

Реал Мадрид се подготвува за живот без Карим Бензема. Според последните информации, додека во Мадрид се чека конечната одлука на Французинот, клубот напорно работи на засилувања.

dobivaj vesti na viber

Флорентино Перез го прифати барањето на Карло Анчелоти да донесе врвен напаѓач наместо играч за ротација и избран е Хари Кејн.

Англискиот репрезентативец исто така даде зелено светло, отфрлајќи го Манчестер Јунајтед и смета дека Реал Мадрид би бил вистинскиот клуб за него, особено ако Карим Бензема замине, што беше најголемата пречка досега.

Даниел Леви сè уште бара 100 милиони евра, иако на Кејн му истекува договорот во 2024 година и ќе влезе во својата последна сезона ова лето. Сепак, Реал нема што да загуби, особено ако Бензема замине во Саудиска Арабија.

Кејн не е единствената желба, Каи Хаверц е по вкусот на Реал, а особено на Флорентино Перез. И тој не е евтин, но „кралевите“ веруваат дека моментот е погоден за големи засилувања и дека нема да штедат ова лето.

Триото Винисиус, Хаверц, Кејн навистина може да биде убиствено и Реал лесно може да го преболи заминувањето на Бензема.

Трансфер летото за Реал Мадрид не завршува тука, бидејќи се знае дека пристигнува и Џуд Белингем, само прашање на време е кога тоа ќе се официјализира. Цената ќе биде над 100 милиони евра, во зависност од бонусите, обештетувањето би можело да достигне и до 140 милиони евра. Со неговото доаѓање, средниот ред ќе биде комплетиран, со Модриќ, Крос, Валверде, Чуамени и Камавинга.

Доколку бидат реализирани сите потенцијални трансфери, Реал Мадрид би можел ова лето да потроши и до 300 милиони евра.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност