Утрински Весник
Свет

Жена падна во провалија длабока 20 метри во Црна Гора и преживеа само со гребаници, лекарите зачудени

Жена падна во провалија длабока 20 метри во Црна Гора и преживеа само со гребаници, лекарите зачудени

Руска државјанка, чиј идентитет не се соопштува, се здобила со лесни повреди кога паднала во провалија длабока дваесет метри.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на црногорските медиуми, Русинката со својата пријателка се возела со такси од правец на Будва и во градот Обзовица го замолила возачот да застане покрај патот. Не долго потоа, таа паднала во бездната.

Припадниците на цетинската спасувачка служба веднаш излегле на местото на настанот. Ја извадиле повредената и ја  предале на итната помош која ја однела во болницата во Цетиње.

Началникот на Центарот за заштита и спасување, Милош Ќечановиќ изјави за Радио Цетиње дека повредената се жалела на болки во главата и вратот и дека имала неколку гребаници.

Лекарите биле зачудени, пишува „Блиц“.

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија