Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Секој ден може да дојде до ескалација, Курти нема да престане

КФОР го одби барањето на Белград за враќање на српските безбедносни сили во Косово

Секој ден може да дојде до ескалација, Курти нема да престане, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ,  во емисија на ТВ Прва.

dobivaj vesti na viber

„Мило ми е што луѓето во Србија се задоволни што понекогаш може да се видат резултатите од одговорната политика. Но, не сум оптимист. Пред ова емисија пет советници ми рекоа да не бидам пргав, не биди песимист, но јас ги гледам работите поинаку“, рече Вучиќ.

Конфликтот го почна полицијата на таканареченото Косово, а не НАТО, рече српскиот претседател.

„Сите знаат дека Курти е виновен и тоа не е спорно, нема што да кријам, тој знае дека што и да направи Американците ќе бидат за зачувување на таканаречената независност на Косово. И кога ќе прашате што се случува со Заедницата на српските општини (ЗСО), тие велат дека треба да се направи, нема што да се направи. Тоа е потпишано. Секој ден може да ескалира. Затоа што Курти фантазира за војна и сонува да биде Зеленски. Сакаат НАТО да влезе во конфликт со Србија и не е во наш интерес да војуваме“, рече тој.

Вучиќ кажа дека разговорот со Шолц и Макрон бил многу тежок и дека бил многу остар.

„Не сум оптимист, ни претстојат тешки денови. Подготвени сме да разговараме и да деескалираме“, изјави Вучиќ.

 

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија