Утрински Весник
Спорт

(Видео) Ѓоковиќ ја доби битката со француската публика и со Давидович Фокина

(Видео) Ѓоковиќ ја доби битката со француската публика и со Давидович Фокина
Img 5587

Новак Ѓоковиќ влезе во осминафиналето на Ролан Гарос, победувајќи го во три супер-забавни сета Шпанецот Алехандро Давидович Фокина со 7:6(4)/7:6(5)/6:2, во кои повторно имаше конфликт со публиката во Париз, која честопати е позната по тоа што секогаш има свое мислење.

dobivaj vesti na viber

И покрај тоа што мечот беше решен во три сета, Ѓоковиќ дефинитивно немаше лесна работа против 23-годишниот Давидович Фокина, 34. на АТП листата, одигрувајќи два фантастични сета со многу промени на водството. Следен за Србинот ќе биде подобриот од мечот помеѓу Полјакот Хуберт Хуркач и Перуанецот Хуан Пабло Варилјас.

Во првиот сет, Давидович Фокина прв дојде во предност правејќи брејк за 2:3 водство, но Ѓоковиќ врати експресно, за потоа во тесниот тај-брејк да победи со 7:4. Вториот сет беше уште понеизвесен, со вкупно шест брејка, по три за двајцата тенисери, и откако Ѓоковиќ го доби, прво бурно реагираше пред публиката, која јасно беше на страна на Шпанецот. Веднаш потоа, тој побара медицински тајмаут, по што доби дополнителни свирежи, за што саркастично реагираше.

На крајот, во третиот сет, Ѓоковиќ направи брејк за 2:0 водство, за со уште еден брејк за 4:1 да ја запечати победата по 3 и пол часа игра.

Ss1

Можете да прочитате

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Борусија Дортмунд си обезбеди место во ЛШ во наредната сезона

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот