Утрински Весник
Спорт

Ферстапен најбрз на тренингот во Барселона, само Алонсо беше блиску

Ферстапен најбрз на тренингот во Барселона, само Алонсо беше блиску
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Макс Ферстапен повторно ја покажа моќта на болидот на Ред бул, постигнувајќи најдобро време на вториот тренинг пред Шпанското ГП на патеката „Каталуња“ покрај Барселона.

dobivaj vesti na viber

Како и во поголемиот дел од сезоната, најблиску до него беше ветеранот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо со 0.17 секунди послабо време, додека трет изненадувачки беше Нико Хилкенберг во Хас. Серхио Перез по лошата трка во Монако во неделата, беше четврт со 0.312 секунди послабо време.

Ферари повторно не успеаја да импресионираат, со шестото место на Шарл Леклер и седмото на Карлос Саинс, додека најавените големи промени во Мерцедес исто така не донесоа резултати – Џорџ Расел беше осми со 0.485 секунди послабо време, додека Луис Хамилтон беше само 11. со 0.642 секунди.

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028