Утрински Весник
Македонија

(Видео) Паметна канта за отпадоци ги опоменува граѓаните да не фрлаат отпадоци наоколу

(Видео) Паметна канта за отпадоци ги опоменува граѓаните да не фрлаат отпадоци наоколу

Интерактивна канта за смет која зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу, ги изненади скопјани во центарот на градот.

dobivaj vesti na viber

Кантата е креирана од група Урбани уметнички акции која делува во склоп на Центарот за современи уметности.

Оттаму се надеваат дека опоменувајќи ги граѓаните но и надлежните на ваков креативен и по малку хумористичен начин ќе успеат барем малку да влијаат на подигнувањето на свеста за комуналната хигиена и да придонесат кон почист град.

„Кантата е направена од рециклирани материјали (стара цевка за канализација) и во неа е сместена електроника со сензори кои го детектираат движењето и опоменуваат да не се фрла ѓубре наоколу, a кога некој ќе фрли ѓубре кантата се заблагодарува и ја раскажува својата приказна за ѓубрето во градот. Во својата беседа кантата нуди можност на граѓаните да поразговараат со неа и да ги слушнат причините зошто е валкан градот но и да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат мнозинство канти за ѓубре“ велат од Центарот.

Во наредниот период кантата ќе биде поставена (пред дизајн студиото на „Кинг оф принт“ во близина на кафе „Круг“ и кај Мобилната монтажна галерја во франкофонскиот парк) во центарот на Скопје, а од наредната недела граѓаните ќе можат да се сретнат и да поразговараат со кантата на различни локации.

Можете да прочитате

УЈП: Фискалните каси да имаат точни адресни податоци и редовно да се одржуваат во овластени сервисери

ЕСМ: Пустошот што го остави СДСМ во РЕК Битола не е можно да се надмине преку ноќ

Градоначалник ќе може да се отповика на референдум во втората и во третата година од мандатот