Утрински Весник
Македонија

Владата да ги продолжи замрзнатите цени на основните производи, бара ВМРО-ДПМНЕ

Владата да ги продолжи замрзнатите цени на основните производи, бара ВМРО-ДПМНЕ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ако човек сака да биде саркастичен ќе каже дека се што е убаво кратко трае, па така веќе и замрзнатите макарони на Ковачевски кои ги прикажуваше како голем економски и социјален успех на владата ќе имаат одмрзнати цени. Со други зборови оваа “купи ден- помини влада“ на ДУИ и СДС, носи краткорочни мерки за справувањето со ценовниот шок. Но што да се очекува од владини функционери со 78 % повисоки плати, кои немаат абер да ги намалат во оваа криза. Сигурно сега со поголеми плати производите им се гледаат поевтини. Со ова се потврдува народната мудрост која во случајов е дека ситата влада не го верува гладниот народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека ценовниот шок на граѓаните трае веќе подолго време и замрзнувањето на цените донекаде било задоцнето, бидејќи цените на производите веќе беа, како што велат, отидени до “таван“.

„Високите цени, значат високи даноци, а високите даноци значи полнење на буџетот, кој потоа се троши за местени тендери, сомнителни зделки и лични бенефити на функционерите на ДУИ и СДС. Но ако веќе замрзнатите цени на основните производи значеа какво такво помало гајле за народот, тогаш оваа мерка треба да биде продолжена. Не може владата да пролонгира кризи, а да укинува антикризни мерки кога се работи за интересот на граѓаните. Не може народот од свој џеб да ги плаќа грешките и криминалите на власта“ порачаа од опозициската партија.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе