Утрински Весник
Свет

Сијарто: Влезот на Украина во НАТО не може да биде на дневен ред на самитот во јули

Сијарто: Пред две недели избегнавме трета светска војна

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави денеска дека влезот на Украина во НАТО не може да биде на дневен ред за време на самитот на Алијансата во јули во Вилнус.

dobivaj vesti na viber

„Тоа мора да бидеме јасни. Пристапувањето на земја која моментално е во војна не може да биде на дневен ред“, рече Сијарто, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека нема потреба да се разговара за датумите кога станува збор за можното членство на Украина.

Претходно, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кажа дека сите сојузници на НАТО се согласуваат Украина да стане членка на Алијансата, но набрзо потоа германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, слично како и Сијарто, рече дека една земја не може да ѝ се приклучи на алијансата додека е среде војна.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев сака да добие јасна одлука за својата иднина во НАТО на јулскиот самит на лидерите на воената алијанса во Вилнус.

Можете да прочитате

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале