Утрински Весник
Македонија

(Видео) Колева: Следната недела ќе стане јасно дали Мицкоски е дел од ЕУ блокот или од антиевропскиот блок

(Видео) Колева: Следната недела ќе стане јасно дали Мицкоски е дел од ЕУ блокот или од антиевропскиот блок

Пред сите политички партии во Собранието и пред сите пратеници е историска шанса, со глас за Европа да го продолжиме европскиот пат и да реализираме уште една стратешка цел –членство во ЕУ, истакна на прес-конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Имаме јасна, силна и недвомислена поддршка од ЕУ и нашиот стратешки партнер САД. Одговорност за европската иднина на земјата е на сите 120 пратеници, вклучително и на оние од ВМРО-ДПМНЕ. Изборот пред сите партии и пратеници е интеграција или изолација. Јавноста се уште чека одговор од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ што одлучил. Со денови Мицкоски не дава одговор дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица во антиевропски блок. Ќе почекаме да слушнеме дали тоа што го кажува Мицкоски во јавноста ќе го каже и на средбата“, истакна Колева.

Мицкоски, како што рече, стои пред одлуката – дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе го следи патот на неговиот претходник Никола Груевски кој 11 години го одолговлекуваше и го блокираше патот на Македонија кон ЕУ.

„Додека конечно не беше соборен од власт и избега од државата. Веќе следната недела ќе стане јасно дали Мицкоски е дел од блокот на ЕУ или дел од антиевропскиот блок на Левица“, вели Колева.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм