Утрински Весник
Македонија

Макрон: Франција сака да ја види Северна Македонија успешна и интегрирана во ЕУ

Макрон: Франција сака да ја види Северна Македонија успешна и интегрирана во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

dobivaj vesti na viber

Премиерот му се заблагодари на францускиот претседател за неговиот личен ангажман во процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата.

Соговорниците се согласија дека не смее да има одложување на процесот на евроинтеграции, и затоа, и овој пат нема да отсуствува поддршката од Франција и меѓународната заедница во натамошните етапи и предизвици на патот кон членство во ЕУ.

Претседателот Макрон ја поздрави одлучноста на Владата да работи на реализирање на европската агенда и потенцира дека на тој пат ќе продолжи да има силна и гласна поддршка на Франција. Ковачевски и Макрон се согласија дека сега е момент да се направи јасен исчекор во пристапниот пат и да се овозможи успешно интегрирање на Северна Македонија во ЕУ.

Можете да прочитате

Шекеринска: Русија е главна закана за НАТО – зголемување на одбранбените буџети е историска потреба

Комеморација без сите деца? Скандал околу организирањето на одбележувањето во Кочани

Сиљановска-Давкова го прими албанскиот претседател Бегај во Охрид