Утрински Весник
Македонија

Левица: Правда за Mемет Kамбер, одговорност мора да има

Младиот Мемет немал можност да се лекува, а немал ни лична карта, пишува „Лице в лице“
Ss2

Портпаролот на Левица Амар Мециновиќ повика на одговорност за Мемет Камбер, продавач на магазинот „Лице в лице“, кој почина на неполни 20 години без можноста за редвни здравствени прегледи.

dobivaj vesti na viber

Од партијата ги прашуваат премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика Тренчевска и министерот за внатрешни работи Спасовски – кој им издаде 200 пасоши на белосветски криминалци, но, не успеа да му издаде лична карта на Мемет Камбер да одговорат кој ќе сноси одговорност за оваа неизмерна трагедија.

300x250 (7)

Мециновиќ кажа дека иако одамна вброен како решен, проблемот со неевидентираните лица и оние без живеалиште во реалноста и понатаму очигледно дека постои. Уште од 2015 година законските измени се одложуваат што, според Левица, покажува дека „претставниците на олигархијата во македонското Собрание демонстрираат вџашувачка незаинтересираност за животите на обичните луѓе“.

Партијата инсистира на итно законско решение.

„Со длабоко разочарување продолжуваме да сведочиме за постојаното згаснување на невини животи под будното око на нелегитимната Влада – сочинета од лажни социјалдемократи. Реалноста за тоа како неевидентираните фантомски деца умираат во нечовечки услови е изразен потсетник за бесчувствителноста и немарноста на кои системот ги потчинува најранливите. Затоа, бараме правда за Мемет Камбер и Тони Сали“, рече Мециновиќ.

Мемет немал можност да прави здравствени прегледи, немал здравствена книшка која ќе значи редовни прегледи. Задоцнетата документација за идентитет, личната карта, ги ставила на „почек“ сите потреби, услуги, замисли за поинаков живот на еден млад човек, објави списанието „Лице в лице“ по смртта на нивниот продавач.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ