Утрински Весник
Македонија

Фон дер Лaјен: Уставните измени се во корист на Северна Македонија и регионот, ЕУ дава поддршка

Фон дер Лaјен: Уставните измени се во корист на Северна Македонија и регионот, ЕУ дава поддршка
Dik 300x250 mk

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде учествуваат на Глобалниот безбедносен Форум на ГЛОБСЕК 2023.

dobivaj vesti na viber

На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Ковачевски ја потенцираше заложбата на Владата за исполнување на реформите во клучните поглавја од пристапниот процес во ЕУ. Притоа, Ковачевски се заблагодари за поддршката од Европската Комисија и партнерскиот однос во секоја фаза од процесот.

Ковачевски доби уверување од Фон дер Лајен, дека ЕУ останува да биде пријател и партнер на Северна Македонија и дава силна поддршка на постигнувањето политички консензус за уставните измени, во корист на земјата и регионот.

Во таа насока, беше изразено очекување дека сите политички чинители во земјата ќе ја препознаат важноста на моментот за иднината на земјата и ќе делуваат во корист на европската интеграција на Северна Македонија.

Двајцата соговорници ја потврдија посветеноста и ангажманот на Европската Унија за интеграција на земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека со тоа позитивно се влијае врз политички процеси и реформската агенда, стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на нашите општества.

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре