Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Нема држава што направила помачни одлуки од нас – НАТО испорача а ЕУ не, тоа се факти

Ковачевски: Нема држава што направила помачни одлуки од нас – НАТО испорача а ЕУ не,  тоа се факти
Dik 300x250 mk

Не постои држава која требала да донесе помачни одлуки од нас за да стане членка на ЕУ и НАТО, изјави премиерот Димитар Ковачевски на Форумот на ГЛОБСЕК 2023 во Братислава.

dobivaj vesti na viber

Прашан за исполнувањето на критериумите за членството во ЕУ, Ковачевски кажа дека  кога станува збор за пристапувањето сите говоревме за Копенхагеншките критериуми, но тие се веќе можеби заборавени.

„Што Северна Македонија требаше да направи за да стане членка на НАТО и ЕУ? Ако постои држава што требала да донесе помачни одлуки од нас, не знам. Го сменивме името за да станеме членка. И кога се заврши со тоа, НАТО испорача, ЕУ не. Тоа се факти. Затоа што измислија некакво вето поради владењето на правото и некои други работи“, рече Ковачевски.

Тој кажа и дека не би се согласил оти  сите земји што се приклучле кон ЕУ во тој момент биле на ниво на Франција или Шведска во поглед на интегритет, владеење на право и демократија.

Додаде дека Северна Македонија спроведе тешки реформи, а Европскиот Совет треба да има јасна стратегија за интеграција на Балканот.

Можете да прочитате

Јаневска: Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет, затворени 14 приватни научни институти и еден приватен факултет

Приведени дајца играчи од ФК „Беса“, физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД