Утрински Весник
Свет

(Видео) Курти: На Косово власт може да се добие само преку избори, а не со насилство

Ултиматум на Курти: Србија има две опции

Косовскиот премиер вели дека Приштина ја зајакнала комуникацијата со меѓународната заедница и дека смирувањето на ситуацијата е заедничка цел.

dobivaj vesti na viber

Тој во видео обраќање на Фејсбук, рече дека албанските градоначалници на општините на северот на Косово и покрај слабата излезност на изборите поради бојкотот на Србите „се уште се единствените кои имаат легитимитет да бидат во општинските згради и во служба на граѓаните“ и имаат целосна поддршка од властите во Приштина.

Курти обвини екстремно десничарски групи, кои ги поврзува со Милан Радоичиќ и Звонко Веселиновиќ, но и со претседателот на Србија Александар Вучиќ, првиот човек на БИА Александар Вулин и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Тој оцени дека протестот на кој беа нападнати полицијата и КФОР „не е протест за општината, туку за власта“ и додаде дека на Косово власт може да се добие само преку избори, а не со насилство и криминал.

Можете да прочитате

Мелони руши рекорд: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина