Утрински Весник
Спорт

Миленкоски: Мечевите во Златната Европска лига се добра подготовка за ЕП

Миленкоски: Мечевите во Златната Европска лига се добра подготовка за ЕП
Screenshot

Одбојкарските репрезентации на Македонија, и мажите и жените, утре ќе бидат домаќини на натпревари од Европската лига. Најдобрите наши одбојкари ќе играат против Белгија, а двојната програма во СЦ „Борис Трајковски“ почнува со девојките кои ќе имаат дуел против Летонија.

Pet Utrinski

dobivaj vesti na viber

„Првиот натпревар со Украина беше тежок, се работи за селекција која е фаворит да ја освои Златната лига и има играчи од најсилните европски лиги. Дуелот со Белгија е значаен меч за нас, ривалот не е силен како Украина и тоа е можеби шанса да направиме нешто повеќе резултатски, иако целта ни е добро да се подготвиме за Европското првенство“, изјави селекторот на одбојкарите, Јошко Миленкоски на денешната прес-конференција.

Screenshot

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија по 15 години повторно е на меѓународна сцена, а по стартниот пораз од Австрија сега ќе игра против Летонија. Селекторот Стефан Пауновиќ ги изнесе видувањата пред натпреварот.

„Ние сме млада репрезентација со голем потенцијал, но, за жал, недостига искуството од европските натпревари. За секој меч се подготвуваме напорно, а репезентацијата по 15 години повторно е на европска сцена. Неблагодарно е да се зборува за резултати, потребно ни е време и поддршка“, изјави Пауновиќ.

Можете да прочитате

Новиот шампион на Англија е Манчестер Сити

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори