Утрински Весник
Македонија

(Видео) Невреме во дел од Скопје, низ Бутел едвај се возеше

(Видео) Невреме во дел од Скопје, низ Бутел едвај се возеше

Силно невреме направи хаос низ скопските улици. Во Бутел, возачите сведочат дека едвај се вози поради поројниот дожд. Поплавени се и дел од улиците. Невремето и дождовна бура имаше и во други делови на градот.

dobivaj vesti na viber

Од Управата за хидрометеоролошки работи објавија временска прогноза за следните денови. Во неа стои дека следниве денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Можете да прочитате

Кајмакоски киднапиран во Белград? – 24info.mk

Заев демантира поврзаност со запленетата марихуана, најави и тужби за клевета

Периодот февруари – април носи нова опасност од поплави на Балканот