Утрински Весник
Економија

Во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната година 2022/2023 година

Во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната година 2022/2023 година
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2022/2023 година.

dobivaj vesti na viber

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.211 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.158 денари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон.

Можете да прочитате

На следната недела седница на ЕСС се очекува да стане збор и за минималната плата

Бензините поевтинуваат – 24info.mk

Ристески: Од 1 јануари Владата ќе пресметува просечна потрошувачка кошничка