Утрински Весник
Свет

Учебната година во „Рибникар“ завршува на 2 јуни

Учебната година во „Рибникар“ завршува на 2 јуни

Учебната година во ОУ „Рибникар“ завршува на 2 јуни, бидејќи тоа е единственото решение за излез од кризата, беше одлучено по седницата на Советот на родители на ОУ „Владислав Рибникар“ и претставници на државните институции.

dobivaj vesti na viber

Денеска во Претседателството на Србија се одржа средба на која се сретнаа Миланка Негиќ – мајка на девојчето Софија Негиќ, кое загина во масакрот на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“, Бојана Недељковиќ – заменик претседател на Советот на родители, претставници од сите релевантни државни институции и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Од понеделник, 5 јуни, сите ученици од училиштето „Владислав Рибникар“ ќе се сретнат во ОУ „Свети Сава“ – во попладневната смена, каде ќе имаат активности наменети за нив.

Во делот на училиштето,  ќе се гради меморијален центар во спомен на сите жртви од страшниот масакр, што е иницијатива иницирана од Миланка Негиќ.

Родителите им се заблагодарија на сите кои беа со нив во текот на сите денови по големата трагедија и помогнаа јавноста да го слушне нивниот глас.

По завршувањето на инспекцискиот надзор во ОУ „Владислав Рибникар“, Министерството за образование поднесе предлог за разрешување на директорката Снежана Кнежевиќ и формирање на привремен орган на управување со ОУ „Владислав Рибникар“.

Можете да прочитате

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење