Утрински Весник
Магазин

Ново истражување открива кои тенисери се константно на удар на „хејтери“

Ново истражување открива кои тенисери се константно на удар на „хејтери“

Француската тениска федерација во соработка со компанијата „Ворлд спортс нетворк“ (WSN) спроведе истражување за тоа кои тенисери трпат најмногу негативни критики на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Резултатите откриваат дека Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка се соочуваат со најгрди коментари на „Твитер“ и на „Фејсбук“.

Ѓоковиќ и Сабаленка имаат најнегативен фидбек на социјалните мрежи, според истражувањето кое ги следело реакциите упатени на сметка на играчите на АТП- и ВТА-листата во период од 16 месеци.

Сабаленка е на првото место како најтаргетирана тенисерка на ВТА-листата. Податоците откриваат дека 15 отсто од расположението кон Белорусинката на „Твитер“ било негативно.

Од друга страна, Новак Ѓоковиќ е машката тениска ѕвезда која добива најмногу тролови, односно објави со навредлива содржина.

Според добиените податоци, 15 отсто од твитовите во кои се споменува Ѓоковиќ во последните 16 месеци биле негативни и 11 отсто од интеракции на „Фејсбук“ биле исто така негативни.

Стефанос Циципас се најде на второто место со седум отсто, а на третото место е Карлос Алкараз.

За да дојде до овие податоци, WSN го мери сентиментот на твитовите кои ги спомнуваат играчите во негативно светло, како и реакцијата на јавноста кон одредени објави на „Фејсбук“.

Во истражувањето се користел Google Bard (конверзациски четбот на генеративна вештачка интелегенција развиен од „Гугл“) за да ги анализира сите твитови во кои се споменуваат првите шест носители на претстојниот турнир во Париз, „Френч опен“.

Интеракциите на социјалните мрежи беа следени од јануари 2022 до мај 2023 година. Податоците откриваат дека тенисерките се изложени на повисок степен онлајн тролови во споредба со нивните машки колеги.

Истражувањето покажа зошто треба да се направи повеќе за да се заштитат спортските ѕвезди – не само тенисерите – од злоупотреба на интернет.

Оваа година Француската тениска федерација (ФФТ) откри дека на играчите кои ќе учествуваат на претстојниот Грен слем ќе им биде понудена вештачка интелигенција за да ги заштити од тролање на социјалните мрежи.

Новата AI технологија, наречена „Бодигард“, ќе може да ја користат разни тениски ѕвезди на „Ролан Гарос“ како начин да го заштитат своето ментално здравје во текот на турнирот.

„Како дел од својата стратегија да се грижи за менталното здравје на играчите, ФФТ одлучи да соработува со „Бодигард“ за да се бори против сајбер-булингот,“ соопшто Тениска федерација на Франција.

Програмот ќе ги следи коментарите што учесниците на турнирот ги добиваат на социјалните мрежи и ќе го филтрира негативниот сентимент за помалку од 200 милисекунди.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста