Утрински Весник
Спорт

Бенфика ја освои титулата во Португалија

Бенфика ја освои титулата во Португалија
Ss2

Фудбалерите на Бенфика ја освоија шампионската титула во сезоната 2022/23 во националниот шампионат на Португалија. Бенфика ја освои 38 титула во националниот шампионат, Порто има 30, а Спортинг 19 титули.

dobivaj vesti na viber

Бенфика пред почетокот на последното коло имаше два бода предност пред Порто, а со головите на Рамос и Силва во 7. и 28. минута успеа да дојде до огромна предност против Санта Клара, а Грималдо во својот последен натпревар за Бенфика од пенал ги постави конечните 3:0. во 60. минута.

Ss1

Порто со истиот резултат ја победи Виторија Гимараеш, но тоа не беше доволно. Стрелци беа Тареми од пенал, Отавио и Еванилсон.

Бефика и Порто обезбедија пласман во Лигата на шампионите, а во квалификациите ќе игра Брага. Во Лига Европа се пласира Спортинг Лисабон, а во Конференциската лига ќе играат Ароука и Виторија Гимараеш. Од лигата испаднаа Пашош Фереира и Санта Клара.

Ss1

Можете да прочитате

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот

Штербик доживеал срцев удар – 24info.mk

Ѓоковиќ се раздели со уште еден тренер од својот тим