Утрински Весник
Спорт

Тотенхем се фокусира кон менаџерот на Селтик

Тотенхем се фокусира кон менаџерот на Селтик

Нов фаворит за менаџерската функција на Тотенхем е тренерот на Селтик, Анге Постекоглу. Според англиските медиуми, 57-годишниот стручњак го импресионирал раководството на лондонскиот клуб со двете последоватни сезони во кои освои двојна круна со Селтик, со атрактивен и напаѓачки фудбал.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, во саботата им вети на навивачите дека тимот мора да ги воодушеви навивачите со нивниот стил на игра следната сезона, па стилот што ќе го наметне идниот менаџер е од клучно значење.

До вчера фаворит за функцијата беше Арне Слот, кој сепак утрово најави дека не само што ќе остане во Феенорд, туку дури и ќе потпише нов договор со клубот. Претходно, на Тотенхем му откажаа и Маурисио Покетино, Јулијан Нагелсман, Винсан Компани и Чаби Алонсо.

Луис Енрике продолжува да биде опција за Тотенхем, но засега најсериозен кандидат е Постекоглу.

 

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026