Утрински Весник
Свет

(Видео) Автомобил се заби во резиденцијата на британскиот премиер

(Видео) Автомобил се заби во резиденцијата на британскиот премиер
Img 5587

Автомобил удри во ограда на Даунинг стрит, каде се наоѓа канцеларијата и резиденцијата на британскиот премиерРиши Сунак, соопшти денеска лондонската полиција, додавајќи дека еден маж е уапсен поради опасно возење.

dobivaj vesti na viber

„Околу 16:20 часот автомобил удри во оградата на Даунинг стрит во улицата Вајтхол. Вооружени полицајци уапсија маж на местото на настанот под сомнение за казнено дело и опасно возење“, соопшти полицијата.

Img 5587

Се додава дека нема извештаи за повредени. Полицијата соопшти дека истрагата се уште е во тек.

Полициски кордони се поставени долж Вајтхол, главната сообраќајница кај Даунинг стрит каде се наоѓаат неколку владини оддели.

Ss1

Можете да прочитате

Илјадници луѓе протестираа во Тел Авив за ослободување на заложниците и против премиерот

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски