Утрински Весник
Магазин

Натали Портман говори за двојни стандарди за тоа како од жените се очекува да се однесуваат на Канскиот фестивал

Натали Портман говори за двојни стандарди за тоа како од жените се очекува да се однесуваат на Канскиот фестивал
Dik 300x250 mk

Натали Портман ги прозва двојните стандарди со кои се соочуваат жените и рече дека од нив се очекува да се однесуваат поинаку во споредба со мажите.

dobivaj vesti na viber

Оскаровката (41) ги даде коментарите за време на прес-конференција за нејзиниот најнов филмски проект, „Мај – декември“, кој премиерно беше прикажан на Кански филмски фестивал.

„Постојат различни начини на кои ние како жени се очекува да изгледаме и да се однесуваме во споредба со нашите машки колеги на настан на блескавата француска ривиера.“

Говорејќи на прес-конференцијата за својот филм, таа рече: „Целиот филм е толку многу за изведбата и различните улоги што ги играме во различни средини, за различни луѓе, дури и за нас самите.“

Осврнувајќи се на самиот фестивал, таа нагласи : „Овој аспект, дури и овде – различните начини на кои ние како жени се очекува да се однесуваме на овој фестивал дури и во споредба со мажите… како треба да изгледаме“.

„Очекувањата се различни за вас цело време, и тоа влијае на тоа како се однесувате, без разлика дали го прифаќате тоа, дали го одбивате или дали правите нешто помеѓу.“

Медиумите потсетуват дека Портман ги прозва двојните стандарди со кои се соочуваат жените во Кан еден ден пред Џенифер Лоренс да биде критикувана затоа што носи апостолки на црвениот тепих наместо штикли.

Можете да прочитате

Дали треба да ја покриете супата додека готвите? Готвач ги откри сите тајни за совршен вкус!

Листа од 40-те најголеми умови во историјата – листа што го воодушеви светот, но и предизвика полемики

Избегнувајте прекумерно трошење: Дневен хороскоп (03.11.2025)