Утрински Весник
Свет

Затворска казна од неколку години и се заканува на мајката на момчето-убиец од Белград-Обвинителството започна истрага

Ученикот кој направи масакар во српското училиште и порано бил пријавуван за насилство
300x250 (7)

Откако беше покрената истрага против М.К., мајката на момчето кое уби девет ученици и чувар во белградското основно училиште, „Блиц“ дознава дека таа се соочува со тригодишна затворска казна доколку се докаже дека го запоставила и злоставувала момчето.

dobivaj vesti na viber

Обвинителството испратило барање до белградската полиција да ги собере потребните податоци, при што им било наредено да ја сослушаат осомничената М.К., да извршат разговор со педагогот и психологот вработен во ОУ „Владимир Рибникар“, како и да ги преземат сите други мерки и дејствија потребни за целосно утврдување на фактичката состојба.

300x250 (7)

Исто така, на Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на момчето убиец и за ова да поднесе пријава до обвинителството, како и да утврди дали претходно наведеното семејство било во евиденција на таа институција.

Доколку се докаже дека мајката ги занемарила своите родителски обврски, се соочува со затворска казна од три години, пишува медиумот.

Адвокатот Радомир Мунижаба за „Блиц“ објасни каква казна ќе добие мајката.

„Доколку се докаже дека мајката сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице може да се казни со затвор до три години. Основната форма на постапувањето е грубо занемарување на должноста да се грижи и воспитува малолетно лице, а тоа пред се се однесува на овозможување услови за развој на малолетното лице како личност, рече адвокатот и додаде дека мајката нема кривично да одговара доколку успеала да спречи девијантно однесување, му овозможила на детето да оди на училиште и да ги прифаќа моралните вредности и општествените норми.

Каква казна ја очекува мајката на момчето убиец ќе се знае откако до Обвинителството ќе бидат доставени пријавите на Полициското одделение за град Белград и Градскиот центар за социјална работа.

Медиумот потсетува дека е уапсен и таткото на момчето, кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност, а максималната казна што може да ја добие е 12 години затвор.

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина