Утрински Весник
Спорт

Продадени се 6,8 милиони билети за ОИ во Париз

Продадени се 6,8 милиони билети за ОИ во Париз
Ss2

Најголемиот спортски настан Олимписките игри ќе започнат за 14 месеци. Директорот на Игрите во 2024 година, Тони Естанке, вели дека интересот на навивачите и љубителите на спортот за спектаклот ги надмина сите очекувања.

dobivaj vesti na viber

И кај организаторите и кај навивачите имаше скептицизам дека високите цени на билетите ќе придонесат за помал одѕив, но реалноста е поинаква, од моментот кога се пуштени во продажба, билетите се продаваат како алва.

Img 5587

„Четиринаесет месеци пред Игрите продадовме речиси 6,8 милиони билети. Тоа ни покажува колкав ентузијазам постои. Тоа е голем успех и ги надмина нашите очекувања“, вели поранешниот француски олимпиец.

Естанке прецизира дека 5,2 милиони билети од вкупно осум што им се достапни на фановите ширум светот се продадени во две фази, а втората е штотуку завршена.

Околу три милиони билети се уште се во оптек за продажба.

„Ова е бројот на билети кои се уште се достапни за сите љубители на спортот, за сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од Олимписките игри, а ќе можат да ги набават кога ќе започне новата фаза на продажба“.

Олимписките игри се одржуваат од 26 јули до 11 август следната година.

Ss1

Можете да прочитате

(Видео) Ристовски и Адеми спектакуларно пречекани пред „Максимир“ по триумфот во Риека

Почина селекторот кој во 1978 година ја предводеше Аргентина до првата титула светски првак

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија