Утрински Весник
Свет

Бахмут е срамнет со земја – споредбени сателитски снимки од пред една година и денес

Бахмут е срамнет со земја – споредбени сателитски снимки од пред една година и денес

Бахмут е под урнатини, сведочат сателитските снимки направени по руските напади и пред една година.

dobivaj vesti na viber

Украина денес објави дека нејзините сили се уште напредуваат во разурнатиот Бахмут и покрај намалениот интензитет на движењето, додека западните аналитичари тврдат дека групата Вагнер е ослабена во борбите за тој источен град во Украина.

Русија во саботата објави дека го освоила Бахмут, но украинските власти велат дека украинските сили сè уште контролираат мал дел од градот.

Заменик-министерката за одбрана Хана Малиар во понеделникот повтори дека Украина има мало упориште во самиот град и украинските борци се уште напредуваат, но со малку помал интензитет.

Платеничката група Вагнер на рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин е ослабена во битките за Бахмут, тврдат истовремено западни аналитичари.

Платениците сега се речиси неспособни за нови напади надвор од градот поради голема исцрпеност, соопшти американскиот Институт за проучување на војната (ISW) во Вашингтон.

Пригожин прогласи целосно заземање на Бахмут за време на викендот и најави дека борците ќе се повлечат од градот и ќе го предадат на официјалните руски сили на 25 мај. Но, украинската армија тврди дека повлекувањето на борците на групата Вагнер нема да биде лесно бидејќи украинските сили околу Бахмут би можеле да ги опколат. Крвавите борби во Бахмут траат од крајот на летото. Тој град некогаш имал 70.000 жители.

Градот сега е во урнатини.

Можете да прочитате

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале