Утрински Весник
Македонија

Одбележан 20 Мај – Денот на македонските пожарникари

Одбележан 20 Мај – Денот на македонските пожарникари

Во објектот на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) во Автокоманда денеска беше одбележан 20 Мај – Денот на пожарникарите. Градоначалничката Арсовска им се заблагодари на скопските пожарникари за професионалноста, посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат секој ден вршејќи ја својата професија во заштита на безбедноста на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

– Пожарникарите се хероите на нашиот град, кои секогаш будно следат и брзо дејствуваат за да ја заштитат нашата безбедност и сигурност, кои честопати изложувајќи се на опасни и тешки задачи нашите животи ги ставаат и пред својот. Брзата реакција при катастрофи, безбедноста и сигурноста на граѓаните се меѓу приоритетите на Градот Скопје, а тоа на терен секојдневно го докажуваат пожарникарите од скопската Противпожарна бригада кои несебично се вложуваат за да спасат човечки животи и јавни добра. Тоа ги прави херои на градот со кои граѓаните на Скопје се гордеат – рече Арсовска.

Градоначалничката Арсовска истакна дека правата на припадниците на бригадата заштитија и се работи постојано за подобрување на условите за работа.

– Продолжуваме посветено да работиме за унапредување на условите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, за обуки и опрема за пожарникарите кои се неопходни за зголемување на нивната подготвеност за интервенции, набавивме за прв пат по децении возила и опрема неопходни за нивната работа, а денес им доделуваме и парична награда како наша благодарност за тоа што го прават секој ден за да бидат граѓаните сигурни и безбедни. – рече Арсовска.

Во рамките на денешното одбележување, скопските пожарникари изведоа три противпожарни вежби, а беше промовирана и новата противпожарна опрема набавена за потребите на Противпожарната бригада на град Скопје.

Можете да прочитате

Определен 48часовен притвор за четири лица осомничени за пожарот во Трубарево

Миле Јанакиески стана сопственик на градежна инвестициска групација

Ризвановиќ: Потребно е да се свика Советот за безбедност по предупредувањето на Мицкоски за подметнувања на пожари