Утрински Весник
Македонија

Радев: Кога РСМ ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во Уставот, ќе може да каже дека гради модерно мултиетничко општество

Радев: Турција е наш многу важен сојузник

Владата на РСМ може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе смогне сили да ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав, вели бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за „Бгнес“.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека властите во Македонија треба да ги убедат своите граѓани, а не Бугарија, дека градат демократска држава во која бугарските клубови не се палат и каде што Бугарите не се изложени на, како што вели, системски терор, физичко насилство и режирани судски процеси.

Радев повторно се осврна на протоколот во преговарачката рамка за влез на Македонија во ЕУ коментирајќи дека во протоколот се учебниците, говорот на омраза, медиумите, отворањето на архивите и извинување за репресии кон уБгарите во историјата, а во тој дел, како што вели бугарскиот претседател, нема прогрес, пишува бугарската новинска агенција.

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата