Утрински Весник
Магазин

Скорсезе објасни зошто често соработува со Ди Каприо

Скорсезе објасни зошто често соработува со Ди Каприо

Славниот режисер Мартин Скорсезе во неодамнешно интервју за „Дедлајн“ откри зошто го ангажира Леонардо ди Каприо за главните улоги во речиси сите негови понови филмови.

dobivaj vesti na viber

Ди Каприо и Скорсезе досега имаат работено на шест филмови: „Бандите на Њујорк“ (2002), „Авијатичарот“ (2004), „Заминати“ (2006), „Островот Шатер“ (2010), „Волкот од Волстрит“ (2013), „Аудиција“ (2015) и, најновиот „Убијците на цветната месечина“ (2022).

„Она што е фантастично за Лео и зошто толку често соработуваме е фактот дека тој знае да залута во оние тешки замрсени места кои се речиси нејасни за други актери и, на крајот кај него сето тоа испаѓа кристално јасно. Обично тоа се гледа во неговиот израз, во неговото лице, очите… Тоа секогаш му го кажувам,“ изјави Скорсезе.

„Ди Каприо е природен на сцената. Би можел да го снимам одблиску во крупен план, може да не размислува за ништо, јас ќе уфрлам што било во таа сцена, а луѓето ќе речат дека бил одличен. Тоа е нешто како Кулешов ефект.“

„Можете да го направите тоа со Ди Каприо. Има нешто во неговото лице кога камерата ќе застане на него. Во неговите очи. Дури и да се помрдне за милиметар, ние го гледаме тоа. Тоа што се случува со него на сцената е многу интересно,“ заклучи режисерот.

Скорсезе се осврна и на својата соработка со Роберт де Ниро, со кого исто така сними доста филмови, и откри дека токму Де Ниро му го посочил Ди Каприо.

„Де Ниро ми рече: сега работам со ова младо момче, треба да соработуваш со него понекогаш. Ова дете е навистина добро. Тоа беше првпат Де Ниро да ми препорача некого,“ изјави режисерот.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста