Утрински Весник
Македонија

Полиција и пазарни инспектори во менувачници на Бит Пазар, во две констатирано незаконско работење

Полиција и пазарни инспектори во менувачници на Бит Пазар, во две констатирано незаконско работење

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во пет менувачници со Старата скопска чаршија на подрачјето на Бит Пазар.

dobivaj vesti na viber

При контролата било констатирано дека две менувачници не поседуваат никаква документација за регистриран правен субјект, ниту Дозвола за менувачко работење од Народната банка на Република Северна Македонија.

Против сопствениците на двете менувачници, од Државниот пазарен инспекторат ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Драматично бегство од Полициската станица во Кочани – осомничен за дрога избега низ прозорец

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Левица: Додека инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ, Македонците ја губат можноста за сопствен дом