Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

На патот за Пелистер пронајден 78-годишен маж, кој бил пријавен за исчезнат

На патот за Пелистер пронајден 78-годишен маж, кој бил пријавен за исчезнат
Img 7972

Полицијата пронашла исчезнато повозрасно лице на патот за Пелистер.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, синоќа по добиена пријава од страна на 76-годишна жена, според која нејзиниот 78-годишен сопруг, кој имал здравствени проблеми, во 13.00 часот излегол од нивниот дом во Битола и не се вратил дома, од страна на полициски службеници од СВР Битола веднаш се преземени мерки за негово пронаоѓање.

Во текот на потрагата извршено е пребарување на поширок периметар во и околу Битола и за два и пол часа од добиената пријава, поточно во 23.45 часот, на патот Битола – Пелистер, поконкретно на патот за с.Нижеполе, лицето е пронајдено во добра здравствена состојба и безбедно вратено во домот.

Можете да прочитате

Викендов ладно, особено наутро и со појава на мраз!

Го викна на кафе, па го изрешета: Како беше извршена мафијашката ликвидација во Штип

Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, највисока снежна покривка на Попова Шапка