Социјалните мрежи се преплавија со приказни за Бритни Спирс, со оглед на тоа што најновиот документарен филм за поп-ѕвездата ги вчудоневиди нејзините фанови.
„ТМЗ истражува: Бритни Спирс: Цената на слободата“ (TMZ Investigates: Britney Spears: The Price of Freedom) се емитуваше синоќа на „Фокс“, а некои детали се навистина бизарни.
41-годишната Бритни сè уште не го коментирала филмот, во кој се тврди дека пие обилни количини кафе, енергетски напитоци и не спие со денови откако татко ѝ го загуби старателството, но се огласи нејзиниот сопруг Сем Асгари (29), кој на „Инстаграм“ го искритикува „ТМЗ“ и напиша: апсолутно одвратен приказ.
„Не верувајте во се што ќе видите на Интернет,“ вели Сем и додава дека неговата сопруга е под микроскоп и е мамец за кликови.
Таблоидите пренесоа неколку шокантни детали од документарниот филм.
„Спирс поголемиот дел од времето го поминува дома сама,“ вели во документарецот извршниот продуцент на „ТМЗ“, Чарлс Латибудиер, додавајќи дека таа живее во виртуелна изолација.
„Понекогаш вози до некое тивко место, ќе паркира и само медитира,“ опишува уредникот Бред Еплтон.
Продуцентката на „ТМЗ“ Кејти Хејс вели дека пејачката поминува многу време на својот базен затоа што обожава да се сонча. Бритни често вежба во сала и постојано изведува диви танци.
Понатаму во документарецот, основачот на ТМЗ, Харви Левин, тврди дека Спирс пие галони кафе, ред-бул и чај од глуварче. Ваквата дневна доза на кофеин придонесува за нејзините манични епизоди.
Според главниот уредник Фабијан Гарсија, извор му рекол дека Бритни многу спие. „Понекогаш спие со денови. Три дена само спие, а следните неколку дена воопшто не спие.“ Тој додаде дека пејачката сака книги, особено фикција, кога е будна.
Документарецот открива дека неколку пати имала физички пресметки со сопругот. Нејзиниот брак, наводно, почнал да се распаѓа помалку од една година по свадбата. Сем е прилично пасивен, па може да се справи и со неа и со врескањето.