Утрински Весник
Македонија

Рокот за менување на личните документи е 2024 година, Спасовски се правда дека поскапеле за да може да се функционира

Рокот за менување на личните документи е 2024 година, Спасовски се правда дека поскапеле за да може да се функционира

Сите граѓани во чии лични исправи го нема новото уставно име на државата, Република Северна Македонија, имаат рок до 2024 година да ги заменат со нови. Министерот Оливер Спасовски, денес, откога го претстави електронското државјанство, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека рокот истекува, а неодамнешното поскапување на услугата за вадење на новите документи го оправда со поскапите цени на репроматеријалите.

dobivaj vesti na viber

„Следнава година, 2024, е рокот во кој треба да бидат заменети личните документи бидејќи дадовме рок при промена на Уставот на Република Северна Македонија и Законот за јазиците. Наводните цени се зголемени 90 % на репроматеријалите и затоа направивме зголемување, кое не е големо имајќи предвид дека утврдивме два вида цени. Оние што ги менуваат пасошите на 5 години, значи до 27 години, имаат иста цена на услуги, а за остатокот, имајќи предвид дека 10 години е важноста на документот, цената е незначително зголемена за да можеме да ги остваруваме тие функции“, рече министерот Спасовски.

Во март годинава поскапеа услугите за вадење лични документи. Личната карта од 190 денари поскапе на 310 денари. Пасошот за лицата над 27 години од 1.500 денари стана 2.000 денари, а возачката дозвола од 280 поскапе на 410 денари.

Смената на сите три документи од лице е 2.720 денари. Дополнително, МВР најави менување на регистарските таблички на кои треба да стои кодот NMK. Смената чини 1.500 денари. Министерот Спасовски пред неколку месеци најави можност за намалување на трошокот доколку се прифати предлогот, место нови таблички, да се стави налепница со новиот код NMK врз стариот код MK, но конечен став сè уште нема.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации