Утрински Весник
Македонија

Каде е целата база на податоци во Собранието од 1991 година, прашува Вељаноски

Каде е целата база на податоци во Собранието од 1991 година, прашува Вељаноски

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски во отворено писмо прашува каде е целата собраниска архива од 1991 година.

dobivaj vesti na viber

„Кој и зошто го враќа Собранието 20 години назад? Што се случува во Собранието на Република Македонија повеќе од една година? Каде е целата база на податоци, дневни редови на седници од 1991 година, стенограми на сите тие седници од 1991, видео записи од седниците од 2002 година наваму, гласања по точки, податоци за сите пратеници и нивни биографии почнувајќи од првиот собраниски состав од 1991 година? Каде се целиот труд, време и енергија вложени од собраниската служба со цел собранискиот сајт и е-парламент систем да бидат едни од најдобрите во светот?“, прашува Вељановски во отвореното писмо.

Вељановски во писмото вели дека за жал онаместо веб страницата на Собранието да се развива натаму, има нејзино целосно уништување и замена со нова која има податоци од 2020 година.

„За жал собраниската страница на мрежата е денес илустрација за неодговорното владење на актуелниве власти. Сепак светот не почна од 2020 година и Македонија не е самостојна држава од 2020 година, напротив од тогаш започна нaјнеодговорниот период на владење во нашата историја“, вели тој во писмото.

Додава дека со вакво неодговорно однесување се губи транспарентноста на Собранието; се губи отчетноста на пратениците пред своите гласачи;
се губи најсилната алатка на медиумите за прибирање на многу податоци за работата на Собранието, сега и во минатото; пратениците губат можност за црпење на искуства од меморијата на работа и пракса на Собранието; фрлени во сенка се можностите за проверка на ставовите на партиите и пратениците за значајни теми во сегашноста и минатото; пратениците не можат да црпат искуство од воспоставените практики за работа на Собранието; академската и стручна јавност губи сериозен извор на информации и податоци за своите научни потреби.

Можете да прочитате

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско