Утрински Весник
Македонија

Гранични полицајци завршија во затворот во Шутка: примиле поткуп за да пропуштат возило без зелен картон

Гранични полицајци завршија во затворот во Шутка: примиле поткуп за да пропуштат возило без зелен картон

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје поднесе кривична пријава против полициските службеници А. В. и Н. С., вработени во Полициската станица за граничен надзор Ќафасан поради постоење основи на сомневање дека првопријавениот сторил кривично дело примање поткуп по член 357 став 1, а второпријавениот сторил кривично дело несовесно работење во службата по член 353-в став 1 и двете од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

„Имено, првопријавениот на 13.5.2023 на Граничниот премин Ќафасан од возач што управувал автобус со црногорски национални ознаки, за кој не поседувал важечки зелен картон, побарал и примил поткуп во паричен износ од 70 (седумдесет) евра, а второпријавениот го пропуштил возилото без важечки зелен картон и му овозможил непречено да оствари влез на територијата на Република Северна Македонија. По преземени мерки и активности за целосно расчистување и документирање на кривично-правниот настан, во координација со надлежен јавен обвинител, полициските службеници се лишени од слобода и изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена“, велат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди како овластен предлагач ќе поведе постапка и за утврдување дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од работа до завршување на дисциплинската постапка.

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација