Утрински Весник
Магазин

Доделени британските телевизиски награди, Клаудија Винклмен и „Предавници“ меѓу победниците

Доделени британските телевизиски награди, Клаудија Винклмен и „Предавници“ меѓу победниците

Реалната натпреварувачка серија The Traitors и нејзината водителка Клаудија Винклмен се меѓу големите победници на британските телевизиски награди, кои ги доделува Британската академија за филмски и телевизиски уметности (БАФТА).

dobivaj vesti na viber

Винклмен се закити со два гонга за улогата на водителка.

Оваа реална серија, во која играчите се „убиваат“ едни со други во еден шкотски замок, разви култ откога почна да се емитува во ноември.

Девојките „Дери“ и лошите сестри ги освоија главните телевизиски награди, а Бен Вишо и Кејт Винслет беа меѓу актерите победници.

Но, другата серија на Винклмен, Strictly Come Dancing, загуби од Masked Singer за најдобра забавна емисија.

Церемонијата, чиј домаќин беа комичарите Роб Бекет и Ромеш Ранганатан, се одржа синоќа во „Ројал фестивал хол“, една од најпрестижните сали во светот.

Можете да прочитате

Жена дала 100.000 евра и го чекала „Бред Пит“ три недели во хотел

Четири клучни возрасти за мозокот

Зошто автомобилот троши повеќе гориво зиме